Смени боја

Дома / За Нас

View in a larger map

GPS Кординати:
Latitude: N 41 56.869
Longitude: E 21 29.716

ИНПЕКС доо е формирана од страна на Младен и Зоран Мисовски со семејствата во март 1990 година и се смета за една од најстарите целосно приватни претпријатија во Македонија. Почетоците на своето работење ги темели на трговијата со Грција, Турција, Египет, Тунис и Либија.

Сепак, долгогодишната љубов кон фотографијата на еден од основачите доведе на почетокот на 90-тите години до отворањето на една од ретките фотолаборатории во тоа време на територијата на Скопје и Македонија воопшто. Инвестицијата на тоа поле со воведување на компјутерска обработка на фотографиите и застапништвото на NIKON придонесе ИНПЕКС да прерасне во една од најпочитуваните и нај користени фотолаборатории во текот на последната декада од минатиот век, со 3 локации во епицентарот на главниот град каде скопјани можеа да ги развијат своите фотографии од различни настани и пригоди. Дигитализацијата на фотографијата и интересот да се направи слика со што поголеми димензии предизвика потреба од инвестирање во машински погон за дигиталното печатење, а со тоа и отворање на целосно нов концепт во работењето на ИНПЕКС.

Денеска ИНПЕКС е сместен на патот за Драчево, на 6 км од центарот на Скопје, на површина од преку 1200м2 и е еден од најголемите печатарски погони со веќе развиени три оддели кои покриваат различни печатарски потреби на нашите клиенти.

Ве покануваме да ја разгледате нашата веб страна и да проверите дали нашите можности одговараат на Вашите потреби, секако со напомена дека за било какви дополнителни прашања ви стоиме на располагање преку нашите контакти.


Ве молиме најавете се.